Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кичевски: Потегот на Филипче е коцкарски — СДСМ повторно покажува дека функционира како султан-партија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кичевски: Потегот на Филипче е коцкарски — СДСМ повторно покажува дека функционира како султан-партија
ПОЛИТИКА

Кичевски: Потегот на Филипче е коцкарски — СДСМ повторно покажува дека функционира како султан-партија

Објавено December 3, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на СДСМ Скопје и поранешен висок партиски функционер, Васко Кичевски, во објава на социјалните мрежи остро го критикуваше потегот на новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи го како „потег на коцкар“.

Кичеец наведува три клучни причини за таквата квалификација.

Прво, според него, Филипче по изборниот резултат и по, како што вели, „очигледната некадарност“, вината ја барал кај сите други, освен кај себе.

Второ, Кичевески оценува дека Филипче се однесувал како „коцкар што губи“, па посегнува и по последното што го поседува — својот партиски дом. Во таа насока, тој предвидува два можни правци:
– Или ќе се „испазари“ со различните струи во партијата, задржувајќи го речиси истиот Извршен одбор под истото влијание,
– Или ќе се обиде да формира сопствен ИО без влијание на тие струи, со ризик да не обезбеди кворум во Централниот одбор.

„Ќе видиме кој пат ќе го избере според составот на раководството“, додава Кичевски.

Трето, тој смета дека последните потези уште еднаш покажуваат дека СДСМ функционира како „султан-партија“ и дека промена на статутот е повеќе од неопходна.

Дел од раководството поднесе оставки

Коментарот на Кичевски доаѓа во момент кога во СДСМ се продлабочува внатрешната криза. Вчера, повеќе членови на раководството – дел од поранешните организатори, членови на ИО и локални функционери – поднесоа оставки, образложувајќи дека партијата има потреба од целосно ново раководење и „ресетирање“ на политиките.

Оставките се толкуваат како сигнал за зголемени тензии меѓу струите во партијата, што дополнително го засилува контекстот во кој Кичевски го критикува изборот и првите потези на Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доделени над 2.400 стипендии за социјална поддршка и дуално образование
Следна Статија Britanska брендот за снегулки Graze ќе биде продаден на Candy Kittens на Џејми Лајнг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Владата ги отфрли документите на СДСМ за Министерството за животна средина и ги оцени како шпекулации

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните, СДСМ поднесува 160 амандмани за да ги исправи неправдите

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?