Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето
ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Објавено December 3, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски.

Гувернерот Славески, во своето обраќање, ги истакна посветеноста, знаењето и креативноста на младите генерации, нагласувајќи дека пристигнатите трудови ја потврдуваат значајната улога на финансиската едукација во градењето свесни, одговорни и финансиски писмени млади луѓе. „Штедењето не е само собирање средства. Тоа е филозофија на животот којашто ни овозможува да ги исполнуваме нашите желби, да обезбедиме сигурност за нашата иднина, но и да ги градиме стабилноста и благосостојбата на целото општество. Денес, овој пристап добива уште поголема важност, бидејќи живееме во време на брзи промени, дигитализација и нови финансиски предизвици и можности“, истакна гувернерот.

Заменик-министерот Јанкуловски поздравувајќи ги учесниците рече дека младите покажуват дека секое мало штедење може да биде почеток на голема цел. „Вие сте пример дека знаењето, вложениот труд и желбата да се мисли за иднината се вредности кои го движат општеството напред. Овој ден нека биде поттик да продолжиме сите заедно – ученици, наставници, родители и институции – да ја негуваме финансиската писменост, да развиваме здрави навики и да создаваме генерации кои ќе знаат да донесуваат мудри одлуки“, посочи Јанкуловски.

Оваа година на Конкурсот пристигнаа неколку стотици трудови од ученици од основното и средното образование на теми посветени на важноста на штедењето, финансиската писменост и улогата на финансиските услуги во современата дигитална ера. Основците твореа на темата „Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина“, а средношколците на темата „Штедењето, парите и финансиските услуги во современата дигитална ера“.

Конкурсот, којшто се објавува од 2012 година, прерасна во значајна платформа за поттикнување на младите да размислуваат за финансиските концепти, штедењето и одговорното управување со средствата. Низ литературните творби, ликовните цртежи и есеите, учениците ги претставија своите погледи, знаења и лични цели.

Народната банка и понатаму активно ќе вложува во зајакнувањето на финансиската писменост, преку предавања, работилници, конкурси и натпревари, особено кај младите генерации. Секоја година илјадници ученици и студенти имаат можност да присуствуваат на едукативни активности во Народната банка, а ова ќе продолжи и во иднина.

Народната банка и Министерството за финансии им упатуваат благодарност на сите ученици кои учествуваа на Конкурсот, на менторите за нивната поддршка и на родителите за значајната улога во образовниот процес.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Последен повик на Сајбер понеделникот 2025: Живи ажурирања од Amazon, Apple, Best Buy, Walmart и други
Следна Статија Казнети десет осигурителни компании -картелски се здружиле и се договарале за цени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за…

October 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка. 7-годишниот мандат Анита Ангеловска Бежоска истекува за неполни…

May 9, 2025

Заштедете пари во 2026: Microsoft Office Professional за еднократна цена

Ослободете се од месечните претплати со паметно решение

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?