Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК

Објавено December 4, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието Африм Гаши. Најавува дека заедно со неговиот тим ќе бараат интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

– За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции. Ние сме институција која го промовира интегритетот и ќе бараме интегритетот да се промовира и унапредува во сите институции. Само со таква заложба и со интегритет на институции и интегритет на носители на јавни функции ќе придонесеме за подобро општество и за намалување на корупцијата, изјави новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ.

Одговорајќи на новинарско прашање што ќе биде во фокусот на ДКСК, тој изјави дека имаат голем број предизвици.

– Оценките на ЕК се такви какви што се. Како претседател ќе се залагам да ги поправиме тие оценки. Ќе треба напор, доста работа. Во моето интервју во Собранието кажав дека ќе се залагам за дигитализација, за превентивните алатки. Во фаза сме на подготовка на новата Национална стратегија, која се изготвува во инклузивен процес, со учество на сите релевантни фактори во државата. Како превентивна алтка се надевам дека ќе биде многу поконцизна и поспроведлива за разлика од претходната. Со тој механизам ќе придонесеме да се отстранат системските слабости кои генерираат корупција. Исто така напоменав дека во фокусот како претседател, се надевам ќе имам поддршка од целата Комисија, да ја зголемиме нашата проактивност во делот проверка на имотната состојба на избраните и именуваните лица бидејќи тоа е една од забелешките во Извештајот на ЕК, а е шеста препорака на ГРЕКО, рече Чучуљ.

Чучуљ едногласно беше избран за претседател на ДКСК на вчерашната седница во Собранието, каде доби 82 гласа. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот Трамп го разгледува предизвикот на имиграцијата и интеграцијата
Следна Статија Економскиот раст на Австралија промаши проценки, пораснувајќи за 2.1% во третиот квартал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5

Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27, 8 отсто, покажала најновата анкета на ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Според…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?