Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пукнатина во земјата до едно метро во Липково, семејствата се евакуирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пукнатина во земјата до едно метро во Липково, семејствата се евакуирани
МАКЕДОНИЈА

Пукнатина во земјата до едно метро во Липково, семејствата се евакуирани

Објавено December 5, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Свлечиштето во Липково продолжува неконтролирано да се шири. Лизгањето на карпестиот масив на самиот влез во селото веќе го активира алармот за евакуација. Пред жителите се отвораат драматични призори — земјата пука и создава процепи длабоки и широки по неколку метри, што буди сериозна загриженост во целата област. Под закана е и регионалниот пат, кој може да биде пресечен доколку свлечиштето продолжи да напредува.

Од Општина Липково информираат дека се чека пристигнување на експерти од Сеизмолошката опсерваторија, кои треба да го утврдат типот на карпата и можните ризици поврзани со подземните води. Од таму додаваат дека погоденото подрачје никогаш не било предвидено за градба, што дополнително ја усложнува состојбата.

Инспекцискиот извештај од 2 декември на Геолошкиот институт покажува дека по многу години повторно се активирала фосилна карпеста плоча, при што се појавиле пукнатини широки од 20 сантиметри до 1 метар, длабоки 4–5 метри и долги 100–150 метри. Во документот се наведува дека активирањето на пукнатината е поттикнато од неодамнешните обилни врнежи, што сериозно ја нарушува стабилноста на теренот. Институтот препорачува изведба на каскадна ерозија, отворање три геолошки дупки за утврдување на типот и количината на лизганата карпа, како и преземање итни мерки за стабилизација и санација на подрачјето.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија
Следна Статија Николоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Очекува МВР да излезе со десетици тони дрога кои се наоѓааат во скалдиштата низ Македонија

Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на…

February 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја. -Не…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повторно најавува чествување на Мара Бунева во Скопје

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?