Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови, девизи…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови, девизи…
ХРОНИКА

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови, девизи…

Објавено December 5, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, пришто привремено се задржани:

-27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон.

-Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е пронајден во багажникот на автомобил при влез во државата на граничниот премин Ново Село.

-На граничниот премин Св.Наум на влез во државата запленети се 75 пакетчиња и 123 ленти различни видови лекови (Amaryl 2 mg, Anafranil 25 mg, Procto Synalar-N 15 g, Androcur 50 mg, Pilokarpine, Arava 20 mg и други) за чиј увоз е потребна дозвола од Агенција за лекови и медицински средства. Лековите се пронајдени во една ќеса и една торба сместени под предните седишта на автомобил. Вредноста на привремено задржаните лекови изнесува 83.180 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 8.526 денари.

-58 пакувања со ветеринарни лекови (Limoxin, Pentstrep, Alben Care, Macotyl 300, Agalaxipra, Exiptol, Genta 100и други) за кои е потребна дозвола за увоз, се откриени во патните торби на двајца патници при контрола на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Стење.

-5.600 евра се пронајдени при личен претрес на патник кој се пријавил за излез од државата на граничниот премин Делчево. Возачот пријавил дека со себе носи 2.000 евра, но во внатрешен џеб од неговата јакна биле пронајдени 7.600 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи му биле вратени 2.000 евра, а 5.600 евра се привремено задржани.

-На влез во државата на граничниот премин Богородица во просторот за резервна гума на автомобил пронајдени се 31 штеки цигари PS без акцизни маркички. Вредноста на непријавените цигари изнесува 27.900 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 55.890 денари.

-Во багажник и помеѓу седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државава на граничниот премин Ново Село, пронајдени се 5 делови за автомобили (браници, крила и менувач) и 1 детски мопед на бензин.

-10 ќилими ICON-120*170 см, 1 правосмукалка со чистач на пареа KIWI и 600 метри пластични лајсни се пронајдени при контрола на стока со потекло од Турција. Стоката била пријавена за увозно царинење во Царинска испостава Гевгелија и наменета за увозник од Гостивар, но не била опфатена во царинските документи.

-842 разни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед се пронајдени во 16 кутии и една ќеса сместени во товарниот дел на камион кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Дојран. Вредноста на производите, кои не биле опфатени со царинските документи изнесува 899.460 денари, а избегнатите давачки се во износ од 327.067 денари.

Во истиот период инспекторите од мобилни царински тимови спречија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани:

– На граничниот премин Блаце во картонски кутии, сместени во багажникот на автомобил кој се пријавил за влез во државава биле пронајдени 120 цилиндри за брави марка GUARD.

– 23 шишиња виски LAGAVULIN 16YO 43% од 700 ml. се пронајдени во преградите за алат, помеѓу седиштата и во џебовите на седиштата на патничко комбе пријавено за влез во државава на граничниот премин Табановце.

– Во автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 2 употребувани конзоли PLAYSTATION 4, 49 употребувани контролери за PLAYSTATION 4 и 9 употребувани контролери за X-BOX.

– При контрола на автобус кој сообраќал на вонредна линија Приштина-Истанбул-Приштина, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, под седиштата во подвозјето од десната страна, во редот позади возачкото седиште бил откриен бункер подготвен за криумчарење разна стока.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горан Ангелов Ќосето на слобода по 8 години затвор
Следна Статија Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тело на жена пријавена за исчезната пронајдено закопано во гостиварско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде…

December 12, 2025
ХРОНИКА

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Обвинение за маж од Бутел: Пијан, со чадор ја тепал сопругата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Пронајдени стебла канабис при претрес во скопско, приведено едно лице

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?