Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина

Објавено December 5, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Од Националниот парк „Шар планина“ денеска со видео објава споделија убава вест. Ја споделија радоста дека имаат принова – ново мало рисче.

„На една од нашите трап-камери забележавме мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки! По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим“, информираат од НП „Шар планина“.

А најубавиот дел, како што велат е дека, колегата кој ја регистрирал снимката, ја добил честа да го даде и името.

„Мајката ја именувавме Сибел“, велат од Националниот парк.

Во објавата на Фејсбук, од Националниот парк „Шар планина“ споделија интересни факти за балканскиот рис:

  • Балканскиот рис е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 km². Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот.
  • Храната на рисот главно се состои од: срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем.
  • Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот.
  • На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.

Од Националниот парк исто така посочија дека оваа снимка ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот. Балканскиот рис е критично загрозен вид, а секој ваков момент, велат дека им враќа надеж и им покажува дека нивните напори носат резултати.

„А денес, во ЈУ Национален парк Шар Планина, славиме со мекици! Зашто вакви моменти се слават – со тимски дух, благодарност и голема радост“, порачаа од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава
Следна Статија Форбс: Синот на Трамп, Ерик десеткратно го зголеми своето богатство откако неговиот татко се врати во Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Nintendo најавува специјален настан за 30-годишнината на Покемон во САД

Денот на Покемон е наближина!

February 4, 2026
ЗАБАВА

Таткото на Карлеуша ја апсел Цеца

Јелена Карлеуша во интервју за „Република.рс“ раскажа од каде потекнува нетрпеливоста на Цеца кон неа и зошто толку ја мрази.Тоа е повразно…

November 29, 2024
ЗАБАВА

Кој е човекот кој личи на принцот Хари на кралскиот божиќен концерт? Сличноста е неверојатна

За време на божиќниот концерт што го подготви принцезата Кејт Мидлтон, присутните забележаа човек кој има неверојатна сличност со несаканиот…

December 25, 2024
ЗАБАВА

На кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех, прогнозира руски астролог

Универзумот им е наклонет на оние кои не само што веруваат во среќата, туку и самите го отвораат патот за…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?