Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада

Објавено December 6, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Растот на БДП од 3,8 во третиот квартал од годинава, според премиерот Христијан Мицкоски, е показател дека периодот на консолидирање завршил и дека економијата оди добро. Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на денешниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека со тоа паѓаат во вода сите лаги на опозицијата пласирани во изминатиот период.

Контиунирано зборуваме дека почнуваат да излегуваат на површина првите индикатори за стабилизирање и консолидирање после катаклизамата што ја остави преходната влада, би рекол, најкриминалната влада во поновата историја на Македонија, влада којашто се занимаваше со плантажи за марихуана, со наместени тендери, со политички милионери, со сите оние скандали кои што ја следеа, со дупка во буџетот поголема од 200 милиони евра и.т.н. Периодот на консолидирање завршува и ова се првите индикатори дека на економијата и оди добро – оцени Мицкоски.

Индикаторот за раст на БДП, вели Мицкоски, е големо постигнување и е охрабрувачки.

3,8 реален раст во третиот квартал 2025 година надополнет со историски високи 10,2 проценти номинален на БДП е навистина показател и податок кој, во услови на ваков пазар во рамки на Европската унија, за нас претставува големо постигнување. Прва во Европа е Ирска, според податоците на Евростат, втора е Данска со 3,9, ние го делиме третото место со Кипар. Соседна Србија е некаде околу 2 проценти, во Грција се очекува 1,7 проценти, Турција е некаде 3,7 проценти – посочи Мицкоски.

Следната година на економски план, според Мицкоски, ќе биде предизвикувачка бидејќи треба да се вратат долгови во висина од над 2,2 милијарди евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Збирка: Сите Xbox откритија од PC Gaming Show: Најпосакувани 2025
Следна Статија СДСМ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во Германија е пронајдено едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот

Германската компанија за истражување и производство на нафта и гас „Нептун Енерџи“ минатата година ја доби првата лиценца за производство…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во април повисоки за 2.6 отсто, цените на мало пораснати за 2.7 отсто

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

За даночните обврзници она што сакаме да го постигнеме е прво, едноставни и брзи процеси за пресметување и плаќање на…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?