Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за неготинец кој принудил пријателка на полови дејства и потоа ја уценувал за пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за неготинец кој принудил пријателка на полови дејства и потоа ја уценувал за пари
ХРОНИКА

Притвор за неготинец кој принудил пријателка на полови дејства и потоа ја уценувал за пари

Објавено December 7, 2025 14:48
Сподели
Сподели

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и уцена.

Тој на 2 декември заедно со неговата сопруга и уште една пријателка излегле во ресторан во Скопје каде пиел алкохол и конзумирал дрога, а по вербална расправија со неговата сопруга, таа сама заминала дома, а тој се понудил да ја врати пријателката дома, но наместо кон нејзиниот дом, возел на различни локации низ Скопје обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Откако жената не се согласила, тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар каде со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал. Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица барајќи од нив да му донесат кокаин за да не ја убие девојката.

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, бил приведен.

На осомничениот му е одреден притвор. Јавен обвинител ја побарал оваа мерка од причина што има реална опасност од бегство и отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постоел ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамена жена од Кочани- Дошле да „растураат“ магија, земале пари и накит и си заминале
Следна Статија Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дале 5.000 евра за странски документи, ама добиле фалсификати

На 14.11.2024 во 17.20 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.А.(44), постапувајќи…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица,…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Помилуваниот Акиф Равмановски на излегување од „Идризово“ веднаш е уапсен за убиство

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?