Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат
БАЛКАН

Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат

Објавено October 22, 2024 19:17
Сподели
Сподели

Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ, починал вчера откако паднал по скалите во болницата. Како што објави „24сата.хр“, неговите колеги се обиделе да го реанимираат по падот, но, за жал, не успеале. Ќорушиќ загинал при пад помошните скали на болницата.

Наводно претходно рекол дека оди да си купи цигари. Продавницата се наоѓала на приземјето од истата зграда а тој ги користел помошните скали. При падот, Ќорушиќ удрил во главата и починал на лице место.

„Стоев со колега во близина на влезот во КБЦ Загреб. Слушнавме удар. Отидовме да видиме што се случи и видовме дека луѓето веќе се собрало околу. Стануваше збор за директорот Анте Ќорушиќ. Дојде неговиот заменик, главната медицинска сестра и тим од лекари. Се обидуваа да му помогнат“, раскажува сведокот.

Како што изјавил, тоа се случило било во близина на зградата во која е сместена управата. За кратко време дошла полиција да утврди и како паднал Ќорушиќ.

-Прво ни кажаа дека починал човек. Дури подоцна дознавме дека се работи за директорот. Шокирани сме, почина пред колегите – изјавил еден од болничките работници.

Министерот за здравство, Вили Берош, изрази сочувсто преку соопштение.

„Длабоко сме потресени од прераното заминување на нашиот драг колега Анте Ќорушиќ, кој ќе остане запаметен како врвен доктор – гинеколог, професор на Медицинскиот факултет, директор на КБЦ Загреб, хрватски ветеран и почитуван член на хрватската и меѓународна научна заедница. Во овој тежок момент, изразувам искрено сочувство до семејството и најблиските. Неговиот пат во кариерата од доктор по семејна медицина до долгогодишен директор на најголемиот клинички болнички центар во Хрватска беше обележан со неисцрпна посветеност на лекарската професија, која траеше преку 40 години. Благородниот дух и патриотизмот на Анте засекогаш ќе останат во нашите срца, мисли и молитви“, напиша Берош.

Од полицијата кусо соопштија дека во моментов се води истрага и се утврдуваат сите околности на случајот.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека „Ќорушиќ бил голем пријател“.

„Со голема тага ја примив веста за ненадејната смрт на Анте Ќорушиќ, угледен доктор и професор, долгогодишен директор на КБЦ Загреб, кој даде голем придонес за хрватскиот здравствен систем. Изразувам длабоко сочувство до семејството на Анте Ќорушиќ и сите негови соработници“, рече Пленковиќ.

КБЦ Загреб е единствената болница во Хрватска која има статус на национална болница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип
Следна Статија Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“

Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград утринава се собраа пред Факултетот за драмски уметности, од каде пеш тргнаа кон…

January 30, 2025
БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Се појави нова снимка од уривањето на настрешницата во Нови Сад

По несреќата во Нови Сад во која поради уривање на надвозникот на железничката станица загинаа 14 лица, додека тројца се…

November 2, 2024
БАЛКАН

Укината е неработната недела во Црна Гора, била неуставна

Уставниот суд на Црна Гора ја укинал денеска одредбата од Законот за внатрешна трговија со која се воведоа неработните недели…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?