Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Објавено December 8, 2025 17:08
Сподели
Сподели

Во Собранието денеска Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година.

Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието е академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат Живоин Глишиќ, композитор и Беди Ибрахим, ликовен уметник.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари академикот Митевски, кој во својот говор истакна дека култура значи култивирање на духот која е суштествена одлика на човечкото суштество.

– Наградата е голема, за мене би рекол и убава, затоа што го носи името на нашиот прв учител, на името на светец – Свети Климент Охридски. Не само основоположник на нашата црква, туку во исто време е и еден подвижник и основоположник на нашиот културен идентитет, на нашата култура. Кога зборувам за култура овде, јас ја доживувам она изворно значење на латинскиот збор „култура“ која значи во исто време и култура во широка смисла на зборот, но и образование кое го препознаваме во она наше култивирање, тоа е култивирање на духот. Култивирање на духот е суштествена одлика на човечкото суштество. Ние од другите живи суштества се разликуваме на разни начини, но можеби најмногу се разликуваме во однос на нив со нашата култура. Ние се создаваме самите себеси преку нашата култура. Културата има значење и на национален план, затоа што како некои наши преродбеници и други дејци од порано сфатиле дека културата е она што е суштествено за еден народ. Еден од нив вели „културата, тоа е душата на еден народ“, рече академикот.

Митевски нагласи дека една држава која се грижи за својата култура, која умее да ги препознае вредностите на својата култура, заслужува секоја почит.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Внимателно во шумите ќе се фрлаат вакцини против беснило
Следна Статија (ВИДЕО) Огромни бранови однесоа туристи во морето кај Тенерифе, жртвите се бројат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со врнежи од дожд, магла во котлините

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Планот А е полноправно членство во ЕУ, од Брисел очекуваме предвидливост, а не решение по секоја цена

Планот А е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне и нема никаква дилема околу…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?