Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугари украле македонски носии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бугари украле македонски носии
ХРОНИКА

Бугари украле македонски носии

Објавено December 10, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети од македонското културно наследство.

Околу 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“, полициски службеници од ОВР Демир Хисар привеле А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50). Првите двајца биле во патнички „фолксваген голф“ со бугарски регистарски ознаки, додека третиот управувал комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски таблици.

При прегледот на возилата пронајдена е поголема количина делови од традиционални македонски народни носии – везени елеци, појаси, накит и други елементи. Осомничените не можеле да обезбедат никаков доказ за потеклото на предметите.

Етнолог од Народниот музеј во Битола извршил стручна проценка и категорично утврдил дека станува збор за оригинални делови од македонски народни носии од XIX и почетокот на XX век, кои спаѓаат во категоријата културно наследство со посебен режим на заштита. Таквите предмети се забранети за промет и изнесување во странство без дозвола од Министерството за култура.

Тројцата Бугари се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавниот обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 262 и член 267 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спасовски ги отфрла наводите за пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!
Следна Статија Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата…

March 18, 2026
ХРОНИКА

Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

Три лица се обвинети за повеќекратни тешки кражби на кабли од кругот на скопската „Железара“, откако биле уапсени при бизарен…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Возел со 157 км/ч каде дозволено било 80, приведен возач од гостиварско

На 29.06.2025 во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?