Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија

Објавено December 11, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Советот на Град Скопје ги намали надоместоците на членовите на управните одбори и на надзорните одбори на јавните градски претпријатија, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Намален е и бројот на членовите на одборите.

Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.
Затоа,  донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број. Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале“, обави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во минатото, додаде тој, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.

Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа. Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница. Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари. Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори. Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на 7. Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје. Времето на „како досега“, завршува“, потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вереница поднесе тужба против Royal Caribbean поради смртта на нејзиниот избраник
Следна Статија Дибанца и Рајт го предводеа БЈУ во епско враќање против Клемсон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска: Не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

Најдлабоко сочуство до семејството и блиските на Фросина, напиша на Фејсбук поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Сум видела…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година

Северна Македонија се најде на 84. место од вкупно 180 земји на ранг-листата според Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата за 2025…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Долга e листата на оние кои треба да се плашат од Артан Груби

За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?