Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Објавено December 13, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Последното истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во македонското правосудство. Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, а повеќе од 40 отсто од испитаниците се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење.

Анкетирањето беше спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските акции напредуваат со технолошкиот сектор во подем, Кина заостанува
Следна Статија Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски назначи нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години,…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград –…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?