Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Објавено December 13, 2025 13:25
Сподели
Сподели

Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба. Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс’’, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена. Исто така, Оливер Спасовски треба да одговори дали се има добро нафатирано тие 3 месеци со тоа што директно овозможил фирмата од Сарај да се стекне со противправна имотна корист од на 90.000 евра? Дали е точно дека Оливер Спасовски добивал сума на пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед и дали поради трагедијата во Бугарија во страв и паника од грижа на совест, го одземал овластувањето на фирмата од Сарај само три дена по трагедијата? Оливер Спасовски е уште една црна дамка на СДС, покрај Заев, Филипче, Ковачевски, Љупчо Николовски. Синоним на овие луѓе се зборовите криминал и корупција, истакна Манасиевски.

СДС мора да се дистанцира и огради од овие луѓе, ако сака да остане на политичката сцена, додава Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите
Следна Статија Граничниот премин Евзони затворен за сообраќај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби

ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи,…

December 11, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална,…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче никако да ја осуди изјавата на бугарската министерка дека сме „северномакедонци“

Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија.Речиси две недели Филипче избегнува јасно да…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?