Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата
ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата

Објавено December 14, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го упати до ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе цела недела одбиваат да ја потпишат Резолуцијата која би го спречила прифаќањето мигранти за финансиски надомест во Македонија.

„Зошто? Затоа што договор има. Да немаше скриени агенди и дилови под маса, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана“,изјави Димитријевиќ.

СДСМ тврди дека главната причина за договорот е тоа што во „буџетот нема пари, а за првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот“.

„Државата доцни со сите исплати: нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно, нема ни за поврат на ДДВ. Дупката изнесува најмалку една милијарда евра“,истакна Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја „продава Македонија“ така што прифатила мигранти во пакет со кредити од шест милијарди евра.

Втората теза на СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ намерно ја спроведува политиката на изолација и ја држи Македонија надвор од ЕУ.

„Изолацијата е стратегија. Без ЕУ, без европски контроли и без европско правосудство – полесно се краде и нема одговорност за никој. Македонија сакаат да ја претворат во црна точка на Европа“,рече генералниот секретар на СДСМ.

Според Димитријевиќ, изолацијата е поврзана и со мигрантскиот план.

„27 земји членки на Советот на Европа јавно бараат ревизија на Европската конвенција за да се олесни депортацијата на мигранти. Каде ќе одат тие луѓе? Во земји надвор од ЕУ – како Македонија. Доколку во Македонија се донесат мигранти осудени за сериозни кривични дела, тоа ќе значи директна закана по безбедноста на државата“,додаде Димитријевиќ.

Во исто време, додаде Димитријевиќ, тоа целосно ќе го закочи европскиот пат, затоа што со евентуален влез во ЕУ повторно би се отвориле вратите кон Унијата – нешто што европските земји сакаат да го спречат.

Затоа, рече Димитријевиќ, на ВМРО-ДПМНЕ и одговара Македонија да остане изолирана.

„Ова е нивниот ‘вин-вин’: Британија депортира мигранти за пари, а ДПМНЕ добива изолирана држава во која непречено продолжува кражбата. Губитници се само граѓаните и иднината на Македонија“,кажа Димитријевиќ најавувајќи дека одбраната на Македонија нема да престане.

Од опозициската партија изминативе денови преку прес-конференции и соопштенија тврдат дека Владата преговара и разговара за префрлање мигранти од Велика Британија во земјава.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со иста техника, по моделот на Вучиќ со литиумот во Србија, сакаат да го спроведат проектот „мигранти за пари“ во Македонија. Планирано е овој потег да се реализира по изборите во јуни.

Инаку, СДСМ ја објави резолуцијата против прифаќање мигранти во земјава, што најавија дека ќе ја поднесат до Собранието. Во резолуцијата се наведени седум точки.

Во неа, меѓу другото, се бара Собранието да ја задолжи Владата веднаш да ги прекине сите евентуални преговори од ваков тип и во рок од три дена да достави целосен извештај до пратениците за сите комуникации остварени со Владата на Обединетото Кралство или други субјекти на оваа тема.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Квин Хјуз трансфериран во Минесота Вајлд од Ванкувер Канакс
Следна Статија Федералните резерви обезбедија независност со едногласно гласање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот

Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот, најавува кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ,…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?