Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
СВЕТ

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија

Објавено December 14, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Високи претставници на Европската Унија денеска ја изразија својата огорченост поради смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, насочен кон еврејски настан на првата ноќ од Ханука.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалните мрежи изјави дека е „шокирана“ од нападот.

„Европа стои со Австралија и еврејските заедници насекаде“, напиша таа на платформата Икс. „Ние сме обединети против насилството, антисемитизмот и омразата“.

Слични изјави издадоа и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Калас наведе дека „ужасниот чин на насилство против еврејската заедница мора недвосмислено да се осуди“.

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, исто така изрази шок по смртоносниот напад во Сиднеј, кој австралиските власти го нарекоа терористички чин насочен кон еврејската заедница.

Вадефул во објава на Икс рече дека е „длабоко потресен од терористичкиот напад“, опишувајќи го масовното пукање на плажата Бонди како „чин на омраза насочен против сите Евреи и Еврејки ширум светот на првиот ден од Ханука“.

Тој додаде дека неговите мисли се со семејствата на загинатите, повредените и со еврејската заедница.

Според официјалните лица, во нападот загинаа најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и еден од напаѓачите. Стотици луѓе се собрале на познатата плажа за да го одбележат почетокот на еврејскиот празник Ханука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Се откажуваме од членството во НАТО
Следна Статија Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нафтата оди кон 150 долари, економистите предупредуваат на глобална рецесија

Ескалацијата на војната на Блискиот Исток и нарушувањето на транспортот низ Ормускиот теснец создадоа еден од најголемите енергетски шокови во…

March 15, 2026
СВЕТ

Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД

Доналд Трамп, кој по вторпат е избран за претседател на САД ќе има годишна плата од 400.000 долари. Освен тоа,…

November 8, 2024
СВЕТ

Трамп најави зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум на 50 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на митинг во Пенсилванија објави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик…

May 31, 2025
СВЕТ

Економист пишува: Овие 5 луксузи Европа повеќе нема да може да си ги дозволи

За сè да остане исто, сè мора да се промени.“ Таа мисла од Леопардо, романот на Џузепе Томази ди Лампедуза…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?