Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
СВЕТ

Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам

Објавено December 15, 2025 11:28
Сподели
Сподели

Локалните медиуми ги објавија имињата на двајцата напаѓачи врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во Австралија, наведувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, татко и син, објави Би-Би-Си.

Таткото (50) е убиен на лице место, додека синот (24) е во болница, во критична состојба, откако вчера попладне по локално време извршија вооружен напад на плажата Бонди и убија 16 лица кои го славеле еврејскиот празник Ханука, вклучувајќи и 10-годишно девојче, а повеќе од 40 повредени лица биле префрлени во болница.

Австралиската Еј-Би-Си објави дека Навид Акрам, роден во Австралија, претходно бил испрашуван за неговите блиски врски со терористичката ќелија на Исламска држава (ИД) со седиште во Сиднеј, и дека полицијата за борба против тероризмот верува дека напаѓачите се заколнале на верност кон оваа терористичка група.

Полицијата верува дека нападот го планирале во објект за краткотрајно изнајмување, на околу 30 минути возење од плажата Бонди.

Саџид Акрам пристигнал во Австралија со студентска виза во 1998 година, која во 2001 година била претворена во виза за партнерство, а подоцна во виза за враќање на жител. Тој имал дозвола за огнено оружје за рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб.

Неговиот син, Навид Акрам, првпат го привлекол вниманието на властите во октомври 2019 година, но австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека „во тоа време била направена проценка дека нема индикации за каква било актуелна закана или закана дека ќе се вклучи во насилство“.

Полицијата првично ја истражувала можноста дека имало трет напаѓач, но подоцна објавила дека биле само двајцата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Fannie Mae планира да го затвори канцелариски простор во Сан Франциско и да се премести на југ
Следна Статија Нов уред за деца го надминува Xbox и станува главната играчка за овогодишните празници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Експлодираше „Старшип“ на Маск, паѓаа делови, стопирани се авионски летови

Вселенското летало Starship на SpaceX експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат…

March 7, 2025
СВЕТ

Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години,…

October 6, 2024
СВЕТ

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар

Турција утре ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар за да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот…

March 8, 2026
СВЕТ

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?