Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАЕИ со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат она што се – Македонци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > МАЕИ со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат она што се – Македонци
БАЛКАН

МАЕИ со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат она што се – Македонци

Објавено December 15, 2025 11:43
Сподели
Сподели

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), упати апел до Македонците во Албанија, да се изјаснат за Македонци, врз основа на законските одредби, тука и соодветната одлука на албанската влада, процес кој е во тек.

– Драги сограѓани Македонци во Република Албанија, ви се обраќаме со отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на македонскиот идентитет, достоинство и права како автохтона македонска заедница во Албанија. Врз основа на Законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ од 2017 година и одлуката на албанската влада „За утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, секој граѓанин има неотуѓиво право слободно да се самоидентификува, без притисок и без страв, како припадник на официјално признаено национално малцинство – стои во повикот.

Се оценува дека овој процес претставува значаен чекор кон зачувување и зајакнување на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет, унапредување на институционалната застапеност на македонската заедница, креирање на поправедни државни политики, прилагодени на реалните потреби на националните малцинства, како и гарантирање поддршка и одржлив развој на македонската заедница.

– Ги повикуваме сите Македонци во Албанија без двоумење да се самоизјаснат, со пополнување на соодветните формулари за самоидентификација и нивно доставување по пошта до Комисијата формирана при Министерството за внатрешни работи, согласно утврдените постапки – се посочува во повикот.

Според партијата, процесот, кој е во тек, се темели на принципот на слободно самоидентификување, личните податоци се заштитени во целосна согласност со законодавството за заштита на приватноста и не постои никаков ризик ниту негативна последица за граѓаните кои ја изјавуваат својата национална припадност.

– Самоизјаснувањето не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации. Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на пофер, поинклузивно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Албанија се почитува, признава и поддржува – порачува МАЕИ во повикот до Македонците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продажбата на луксузни возила во Кина опаѓа со забавувањето на економијата
Следна Статија Елон Маск vs Сам Алтман: Битката за највредна приватна компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Паника во Србија, дојава дека има бомби во сите возови и пруги

„Србијавоз“ денеска го прекина целиот патнички железнички сообраќај поради анонимна дојава за поставени експлозивни направи на сите возови и пруги.…

June 27, 2025
БАЛКАН

Бугарија и уште неколку земји од ЕУ го блокираа отворањето на Кластерот 3 со Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека амбасадорите на Шведска, Финска, Холандија, Хрватска и Бугарија гласале против отворањето на кластерот…

December 5, 2024
БАЛКАН

Секоја година на Косово по пет отсто повеќе случаи на заболени со рак

Директорот на Клиниката за онкологија при Универзитетскиот клинички болнички центар на Косово, Илир Куртиши, изјави дека бројот на нови случаи…

July 22, 2025
БАЛКАН

Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза

Грчката влада најави две нови мерки за ублажување на една од најтешките станбени кризи во Европа — воведување социјален наем…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?