Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Објавено December 15, 2025 17:42
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Резолуцијата, како што посочи, се осудува секое манипулативно однесување и се утврдува дека се става крај на сите шпекулации и лажни манипулации со наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови за мигранти во државата и со која јасно и недвосмислено се исцртува рамка на мигрантската политика.

– По ширењето на лажни вести, невистини и манипулации од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подготви резолуција со која еднаш засекогаш ставаме точка на измислената тема за мигранти од СДСМ. Со оваа Резолуција потврдуваме дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти. Граѓаните да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на народот, изјави Мицевски.

Резолуцијата, како што појасни Мицевски, е поднесена денеска и се очекува веќе утре да се најде на дневен ред.

Во однос на резолуцијата од СДСМ, и дали ја разгледале, Мицевски рече дека не веруваат во чесна намера и од таа причина ја поднесуваат оваа Резолуција во која се наведуваат сите потребни елементи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија
Следна Статија Николоски: Почнаа промените во општина Карпош, се реконструира улицата „Јуриј Гагарин“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

На вчерашниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место!…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари остана без поддршката и од докторите Цана и Шабани

Фадил Цана, директорот на универзитетската Клиника за заразни болести и Башким Шабани, директор на универзитетската Клиника за урологија ја повлекоа…

May 26, 2025
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?