Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот
ЕКОНОМИЈА

Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот

Објавено December 16, 2025 15:12
Сподели
Сподели

Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта, велат од Сојузот на земјоделските здруженија. Откупени се 11.370 тони од реколтата што Сојузот ја проценува на околу 22.000 тони по просечна цена од 419,86 денари. Со ова темпо, како што велат, родот, главно, ќе се преземе до Нова година.

-Во моментов се отворени сите 337 ваги во земјава. Интезивно се откупува тутунот. До вчерашниот ден се откупени 11.370 тони тутун, и речиси сиот во прва класа, зашто просечната цена е 419,86 денари за килограм. Во моментов компаниите откупуваат без одбитоци и тутунарите се задоволни од процената и сакаат што побврзо да го предатат родот и да си ги земат парите кои се исплаќаат во рок од два до три дена. Со ова темпо тутунот ќе се купи, оној летниот, односно 18 до 19.000 тони до крајот на декември – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Оној тутун што е влажен ќе се купи по Нова година зашто треба да се досуши, но нема да остане неоткупен тутун од годинашнава реколта. Од Сојузот велат дека со склучувањето нови договори ќе инсистираат да бидат рамноправни партнери со откупувачите и ќе инсистираат на измени во законот.

– Ние не се откажуваме од барањето за повисока цена. Имаме поддршка од ресорното министерство за измени и новите договори за производство тутунарите да не ги склучуваат без согласност на Сојузот и со утврдување на повисоки цени. Тоа секоја година се говори, точно е, но ја имаме поддршката и можноста преку законските измени – вели Ристески.

Тутунарите немаат забелешка на проценката, но останува нивното барање за повисоки цени зашто трошоците се зголемени.

Инаку, вчера, 15 декември, според Законот беше последниот ден сите 10 откупувачи да почнат да го купуваат родот. Откупот на тутунот, законски трае до 28 февруари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зетот на Трамп се откажува од изградбата на луксузен хотел во Белград- Вучиќ: Србија изгуби вредна инвестиција
Следна Статија Скандал во Хрватска: Детски психијатар со години злоставувал деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола! (ВИДЕО)

Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола! Со овој автопат силно ќе се развие економијата во пелагонискиот дел…

September 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

EPA правилата влијаат врз електричната енергија на Grok

Се чини дека xAI презема слободи со гасните турбини кои федералните правила не ги толерираат.

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Зголемени плати, реален раст, Македонија се буди

Премиерот Мицкоски на Фејсбук го искоментира зголемувањето на платите во јавното здравство како и зголемувањето на просечната плата. Коментарот на…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?