Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина
СВЕТ

Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина

Објавено December 16, 2025 15:27
Сподели
Сподели

Европската политичка елита изгледа категорично е незаинтересирана за мир во Украина и треба да се направи се што е возможно за да не биде поткопано едно дипломатско решение, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во поткастот „Час на вистината“.

Тој наведе дека либералните европски политичари се обземени од воен фанатизам.

Сијарто тврди дека на последната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, западноевропските, северните и балтичките држави зборувале за подготовки за непријателски односи со Русија дури и ако се постигне мир.

Тој посочи дека е возменирен од обидите на европските држави да се мешаат во дипломатските напори помеѓу САД и Русија.

– Се надевам дека разговорите помеѓу САД и Русија ќе бидат посилни од европските обиди да ги поткопаат истите. Од тоа зависи мирот, посочи Сијарто.

Тој додаде дека на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ станало јасно дека некои политичари се подготвени да ги прекршат правилата на ЕУ со користење на замрзнати руски средства за финансирање на Украина.

Сијарто потенцира дека таквите дејствија се против интересите на Унгарија и оти неговата земја не е подготвена да ги троши парите на унгарските граѓани за Украина.

Според него „една од најдрските лаги во европската политичка историја“ е тврдењето дека Украина се бори за Европа.

– Украина се бори за себе … херојски и против многу поголема земја и воена сила … Но, Европејците немаат морални или правни обврски кон оваа борба. Европа и трансатлантската заедница можат да се одбранат затоа што го имаме НАТО – најефикасниот, најсилниот и најголемиот одбранбен сојуз во историјата на човештвото, наведе Сијарто.

Тој потенцира дека 58 проценти од увозот на гас во Украина и 44 отсто од увозот на електрична енергија минуваат низ унгарска територија.

– Додека многу европски земји зборуваат за поддршка на Украина, Унгарија најмногу придонесува за да се обезбеди украинските семејства да не се смрзнуваат и да имаат електрична енергија и топла вода, истакна Сијарто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција
Следна Статија Осуденик пронајден починат во Затворот Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД нудат повеќе детали за наводен кинески нуклеарен тест

Забелешките на висок администратор беа наменети да ја разјаснат скептичноста околу нивните тврдења, додека претседателот Доналд Трамп вети рестартирањ

February 19, 2026
СВЕТ

Трамп ќе побара од Панама да го предаде каналот на САД

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата ја обвини Панама дека наплатува прекумерни тарифи за користење на Панамскиот канал и рече…

December 22, 2024
СВЕТ

Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави…

November 8, 2024
СВЕТ

Орбан: Унгарија ја штити Европа од она што се случи во Магдебург

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека постои поврзаност меѓу миграцијата и нападите како оној на божиќниот пазар во Германија, пренесува…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?