Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги
МАКЕДОНИЈА

Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги

Објавено December 16, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница, на која во тек се опозициски пратенички прашања, откако координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски упати критика до власта, односно до одредени министри дека не се присутни на седницата, но и во однос на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од владејачката коалиција.

-Прво во однос на пратеничките прашања за коишто гледаме дека практично не се присутни оние на коишто треба да им се поставуваат. Пратеничката група на СДСМ побара до премиерот, од оправдани причини тој не е тука, меѓутоа по Деловник имаше право да назначи заменик. Вчера на координација утврдивме дека треба да доставиме нов список. На новиот список ставивме двајца министри, министерот за економија и министерот за животна средина. Тие не се тука. Значи нема цел да имате опозициски пратенички прашања, кога тие коишто треба да ги прашате не се тука, а се должни да бидат тука и да одговараат пред народното Собрание, рече Спасовски.

Тој со забелешка и за рокот во кој е доставен Законот за Судски совет, за кој кажа дека тие како опозицијата го поддржуваат, но и во однос на Резолуцијата, со која како што вели, се осудува опозицијата, што досега не се случило во парламентарната демократија.

-Колку и да е кревка таа демократија, ќе разбереме ваков предлог во 90-та година. Во 2025 година резолуција со која што се осудува опозицијата, апсолутно е неприфатливо. Второ, резолуција со која што ги ништите сите одлуки на владата, а на тој начин и овие веројатно коишто се донесени до сега одлуки на Владата, а се однесувале на мигрантската криза, па и оваа која што е денеска на дневен ред, дека по предлог на Владата се бара кризна состојба да се прогласи повторно, таа ви е ништовна одлука. И вие на основа на ништовна одлука, сакате да донесете нова одлука на Собранието, рече Спасовски и додаде дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во работата на оваа седница.

Собранискиот спикер Африм Гаши истакна дека опозициските прашања се токму можност на опозицијата да побара одговори од Владата и нагласи дека е потребно да се подобри односот на Владата кон Собранието.

Координаротот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази зачуденост како опозицијата сама со ваквите постапки всушност не го користи инструментот што и е на располагање во Собранието, а тоа е поставување на опозициски пратенички прашања. Тој посочи дека претходно пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари побарала пауза со забелешка дека законите до нив не се доставени на албански јазик, а потоа СДСМ ја напуштила седницата.

-СДСМ ја напушти седницата за поставување опозициски пратенички прашања, на која имаше можност министрите да ги прашаат за прашања кои ги интересираат, опозицијата бега од своите опозициски пратенички прашања, рече Мицевски.

Во однос на забелешките за Резолуцијата, Мицевски нагласи дека таа не е за осуда на опозицијата, туку за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политките против нелегалната миграција.

-Сакаме да ставиме точка на лудилото што го предизвикуваат меѓу граѓаните во изминатите десетина дена и повеќе, рече Мицевски и додаде дека на дневен ред е резолуција, која е доставена до Собранието и забележа зошто СДСМ не ја доставиле нивната резолуција, која ја најавуваа.

-СДСМ немаат доставено резолуција до Собранието…со неа мафтаа на прес во Бихаќка. Почитивувани колеги од опозицијата не ви се точни наводите, поднесете резолуција за да зборуваме за неа, моментално имаме само една резолуција, која има цел да ги осуди манипулациите, кои се шират од опозицијата, додаде Мицевски.

И пратеникот од ДУИ Талат Џафери претходно денеска бараше од дневен ред да се тргне Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против налегалната миграција критикувајќи дел од наводите во неа, како и точката за продолжување на мигрантската криза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осуденик пронајден починат во Затворот Штип
Следна Статија Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на лица повредени во сообраќајните несреќи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски

Во близина на битолското село Црнобуки археолозите открија остатоци од одамна изгубен антички град. Артефактите пронајдени на локацијата го датираат…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 20 јануари ќе се бира нов шеф на скопското Обвинителство – истекува мандатот на Бубевски

Советот на јавни обвинители за 20 јануари закажа седница на која ќе се избира нов раководител на Основното јавно обвинителство…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

Силното невреме проследено со пороен дожд, ветер и град што попладнево го зафати Скопје предизвика паднати дрвја, поплави и сообраќајни…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?