Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата

Објавено December 17, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Во тек е изработка на нов просторен план на државата, токму од страна на Агенцијата за планирање на просторот, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој се обрати на настан по повод „20 години постоење на Агенција за планирање на просторот“.

-Ова е стратешки, фундаментален документ за државата, како долгорочен документ кој треба да ги даде насоките за просторниот развој и начинот на кој ќе се овозможи развој на државата и бенефит на целокупното општество, посочи Николоски.

Тој додаде дека важноста на целиот овој процес е голем од многу причини. Потенцираше дека Македонија како природна крстосница меѓу источна и централна Европа, многу очекува од овој план.

-Положбата на коридорите исток-запад, север-југ, Коридорот 8 , Коридорот 10 и Коридорот 10 Д е нешто што треба да го искористиме, како и близината во важните пристаништа, улогата како транзитна земја, не само за транспорт, туку и за енергија и трговија. Во овие глобални предизвици значајно е Македонија енергетски да се поврзува, потенцираше министерот за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп остро критикува Роб Рајнер
Следна Статија Силксонг експанзија за Hollow Knight пристига во 2026, најавена е и Switch 2 изданието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ

Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП никому нема да прогледува низ прсти: Инфлуенсерите да си ги платат давачките кон државата

Управата за јавни приходи никому нема да прогледува низ прсти. Давачките кон државата мора да си ги платат сите кои…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Како најголемата индиска авио-компанија се соочи со предизвици во потрага по повисока добивка

Во вечерата на 2 декември, само три дена пред IndiGo да ги загуби своите оперативни контроли, извршните директори забележаа технички…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?