Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски за железницата од Коридорот 8: Веќе сме во фаза кога политиката нема влијание на целиот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски за железницата од Коридорот 8: Веќе сме во фаза кога политиката нема влијание на целиот процес
ЕКОНОМИЈА

Николоски за железницата од Коридорот 8: Веќе сме во фаза кога политиката нема влијание на целиот процес

Објавено December 17, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8, смета вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Работиме и ние и Бугарија. Мислам дека веќе сме во фаза каде што политиката нема влијание на целиот овој проект, вели Николоски.

Тој денеска во изјава за медиумите рече дека се работи за меѓудржавен договор којшто денеска се очекува да биде ратификуван од наша страна, а на неодамнешната средба во Брисел со потпретседателот на бугарската Влада, Гроздан Караџов, добил ветување дека и бугарското Собрание ќе го стори истото.

– Најдобра потврда за ова што го кажувам е дека вчера и завчера се одржа првата средба на техничко ниво меѓу директорите на двете железнички инфраструктурни претпријатија и нивните тимови во Софија, на која што се работеше интензивно на подготовка на документацијата, која што главно е она што ние веќе го имаме сработено како документација. Втората средба ќе биде во јануари, рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загаден воздух ги гуши граѓаните на Скопје
Следна Статија Во зградата на МТВ е отворен шалтер на МВР за „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Новите еколошки правила на ЕУ кои ќе стапат на сила од јануари ќе предизвикаат удар врз домашната метална индустрија

Новите правила на Европската унија кои на сила ќе стапат од први јануари а се однесуваат за користење на фосилните…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра

Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?