Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за свирепото убиство во гостиварско: Жената донела пиштол, мажот ја убил, а телото го закопале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за свирепото убиство во гостиварско: Жената донела пиштол, мажот ја убил, а телото го закопале
ХРОНИКА

Детали за свирепото убиство во гостиварско: Жената донела пиштол, мажот ја убил, а телото го закопале

Објавено December 17, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар почна истрага против две лица осомничени дека извршиле кривично дело Убиство од член 123 став од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во куќата на осомничените, каде започнале расправија за одредени недоразбирања. Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје“, соопшти Обвинителството.

Потоа, заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, се додава во соопштението.

„Го однеле телото во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и со различни предмети“, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велика Британија ќе префрли 2,5 милијарди фунти на Абрамович во фонд за Украина
Следна Статија Од судско депо во Истанбул „исчезнале“ 25 килограми злато и 55 килограми сребро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава добија малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров, кривично ќе одговараат и нивните родители

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје на 29 април 2026 година поднесе кривична пријава до Основното јавно…

May 4, 2026
ХРОНИКА

Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир – завршиле со убодни рани

На 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив…

June 2, 2025
ХРОНИКА

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се…

February 22, 2025
ХРОНИКА

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, се огласи на социјалните мрежи откога ноќеска му беше запалено возилото.  …

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?