Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ја сподели пресудата: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ја сподели пресудата: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја сподели пресудата: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене

Објавено December 18, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во објава на Фејсбук, информираше дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека, како што вели, СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за него, без докази и без основа.

Во политиката постојат партии што се натпреваруваат со идеи и визија и партии што опстануваат преку клевети, лаги и фабрикувани конструкции. СДСМ одамна го избра вториот пат.

Апелациониот суд со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа. Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија.

Тоа што со години го претставуваа како „политичка борба“, денес е официјално констатирано како недозволено и спротивно на правната држава. Оваа пресуда јасно го разоткрива нивниот политички модел: наместо аргументи, напади; наместо програми, дискредитации; наместо одговорност, лаги пласирани во јавноста со цел да се нанесе штета.

Политичката критика е легитимна и потребна. Клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор. Македонија мора да се движи напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност, а не со фабрикации и лични напади. Оваа одлука за јасните клевети на СДСМ е жесток шамар и за сите нивни подизведувачи и гласноговорници. Истите кои ширеа гласини и правеа бичборд кампања против мене.

СДСМ одбира да продолжи по тој пат на лаги, клевети и манипулации, надевајќи се дека ќе игра со чувствата на граѓаните, во ситуација кога дезинформациите и чувствата кои тие ги создаваат се побрзи од вистината и разумот.

Тие одлучуваат да продолжат да го потценуваат сопствениот народ. Тоа не е само одлука, туку е врвно предавство на моралот и вредностите во политиката и посебен вид предавство на сопствениот народ. Тие мислат дека така ќе успеат. Но времето ќе им докаже дека грешат. А народот ќе им докаже дека е посилен од нив и дека ваквите лаги нема никогаш да им пројдат.
(Правосилна пресуда на Апелационен суд Скопје, ГЖ-1778/24, 20.11.2025)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен Бујар Дарлишта од ДУИ и уште десетина лица за економски криминал
Следна Статија Бензините од вечерва со намалена цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ

Немам информации, но имам чувство дека високи функционери од претходната влада на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), како поранешни премиери и нивни…

April 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден погина Сашко Гешовски, првата жртва на распадот на Југославија

На денешен ден во Сплит, пред зградата Банoвина, тогашно седиште на командата на Југословенската воено-поморска област, се одржа протест на…

May 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?