Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра
ХРОНИКА

Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра

Објавено December 19, 2025 16:13
Сподели
Сподели

Скопското Основното јавно обвинителство отвори истрага против две лица за кои постои основано сомневање дека подолг период затајувале данок од бизнисот со златен накит.

Истрагата е отворена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, а осомничените се товарат дека за период од пет години, односно од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, затаиле данок во вкупен износ од 64 924 298 денари или повеќе од еден милион евра, сума за која го оштетиле и буџетот на државата.

Според Јавното обвинителството, тие како сопственици и управители на фирма од Скопје што се занимавала со трговија на златен накит, златни прачки и необработено сребро, давале лажни податоци за персоналниот данок на доход и данокот на додадена вредност или воопшто не ги пријавувале ваквите обврски.

„Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнат целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска“,се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Поради опасност од бегство, повторување на делото или влијание врз сведоци, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог на двајцата осомничени да им биде одредена мерка притвор.

Во овој контекст, јавниот обвинител ја зел предвид и тежината на кривичното дело што им се става на товар и висината на стекната имотна корист.

Инаку, двајцата осомничени се товарат за кривичното дело даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик (КЗ).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Следна Статија Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мајка ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција цели четири години

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Возач на „65-ка“ претепал малолетник од Скопје

На 29.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, С.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот на подрачјето на Гази…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак Југослав Николовски

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава…

November 12, 2025
ХРОНИКА

Почина Раим Баки, виртуозот кој сними над 600 песни и настапуваше со Сариевски, Бадев и Илиева

Во неговата богата кариера тој сними над 600 песни и настапуваше со најпознатите македонски пејачи како Сариевски, Бадев и Васка…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?