Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загадувањето на воздухот, ако сакаа за седум години можеа да го намалат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загадувањето на воздухот, ако сакаа за седум години можеа да го намалат
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загадувањето на воздухот, ако сакаа за седум години можеа да го намалат

Објавено December 21, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како лицемерни ги оцени реакциите на нивниот политички опоненет – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во врска со аерозгадувањето во Скопје и нивните повици за донесување итни мерки за решавање на проблемот.

Имено, од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираа на денешната прес-конференција на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, на која тие побараа да биде прогласена еколошка и здравствена кризна состојба во главниот град поради виското ниво на аерозагадување што се бележи во изминатите неколку дена.

„Навистина е лицемерно СДС да говори загаден воздух. Ветуваа ‘ајро ајро’ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, СДСМ доколку сакал за седум години, додека беше на власт, можел барем за 10 проценти да го намали загадувањето во Скопје, но наместо за проекти за решавање на проблемот се трошеле милиони евра за бизарни потреби, но и за градење згради во повеќе општини.

„Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1,6 милиони евра за лубриканти. За седум години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа, во Ѓорче и во Хром да никнат 100 згради во 2020 година, а исто толку и во истиот период и во населбата Расадник“,наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како одговор на обвинувањата од СДСМ, владејачката партија во соопштението наведува осум мерки и проекти што централната власта заедно со локалната ги презела во изминатата една и пол година, а кои како што додаваат, се само дел од чекорите насочени кон справување со загадениот воздух.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека во овој период биле донесена Стратегија за почист воздух 2024-2030, субвенции за инвертер клими, прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје, потоа одлука за масовно пошумување на државата и план за гасификација на државата.

Дополнително, велат оттаму, Град Скопје вовел мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух, а се планира и изградба на две когенеративни централни на влезовит во Скопје, постатување на клупи во парковите со вградени прочистувачи на воздухот.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС се гледа и во рејтингот. Затоа наместо соопштенија напишани од ВИ (вештачка интелигенција), нека седнат и нека научат сами да пишуваат и нека сфатат дека долго време ќе бидат опозиција со овој пристап“, велат од ВМРО-ДПМНЕ притоа алудирајќи на анкетата на ИПИС објавена вчера, а која покажува огромна предност во рејтингот на владејачката партија во однос на СДСМ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија М-НАВ: Целосно завршен процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар
Следна Статија Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ

Откако денеска СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на настан наводно се појавила…

February 20, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор,…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?