Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител

Објавено December 22, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на Советот.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, минатата недела на 17 декември си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција, а Советот на јавни обвинители седницата за определување на вршител на должноста државен јавен обвинител до изборот на наследник на Љупчо Коцевски првично ја закажа на 19 декември, но изборот беше одложен.

Советот на јавни обвинители ја одлижи седницата на 19 декември поради отсуството на членот на Советот, Јелена Догазанска Колева. Заради нејзиното отсуство, членот на Советот обвинителот Ермон Незири предложи да се одложи изборот на в.д. јавен обвинител на Република Северна Македонија, бидејќи, како што рече, тоа е значајно прашање и треба во полн состав да се избери в.д. јавен обвинител. Со ваквиот прелдог на Незири се согласија сите членови на Советот ја јавни обвинители.

Вршителот на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Љупчо Коцевски минатата недела на 17 декември,истиот ден кога Собранието требаше да расправа за предлогот на Владата за негово разрешување, на прес-конференција објави дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Коцевски во образложението истакна дека функцијата од која заминува ја вршел чесно и достоинствено, а оставката ја поднесува поради, како што рече, „очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“.

Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и И

Оставката, како што наведе, ја поднесува поради „непочитување на принципите врз кои почива правната држава“, а предлогот за негово разрешување го оцени како политичка одлука.

Коцевски во обвинителството е од 2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. За државен јавен обвинител беше избран на 18.01.2022 година од Советот на јавните обвинители, а Собранието го именуваше на 13.02.2024 година.

Законската постапка за избор на прв човек на Јавното обвинителство предвидува дека тој треба да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии и положен правосуден испит. Посебен услов за државен јавен обвинител е кандидатот да има непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Новиот државен јавен обвините треба да се избере по оглас што ќе го распише Собранието. Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник. По пријавувањето на кандидатите, Владата треба да побара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати.

Советот на јавни обвинители е должен да ги подготви образложените позитивни или негативни мислења во писмена форма во рок од 15 дена. Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини не достави мислење до Владата, рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и по овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Во случај Советот на јавни обвинители да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДС се сведува на група блиски до Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина од 2,3 степени регистриран во Гостивар

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во близина на Гостивар, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 16 пациенти ќе бидат испишани и ќе продолжат на домашно лекување

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска даде изјава за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување од…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?