Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Социјално-економски совет во Владата, ќе се зборува за мининалната плата и потрошувачката кошничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Социјално-економски совет во Владата, ќе се зборува за мининалната плата и потрошувачката кошничка
ЕКОНОМИЈА

Социјално-економски совет во Владата, ќе се зборува за мининалната плата и потрошувачката кошничка

Објавено December 22, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Во Владата денеска  заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа.

За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку наврати порачаа дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, додека бизнис секторот се надева дека ќе има олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата.

Собранието со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување од сегашните 15.200 де

Како што изјави минатата недела заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, Владата ќе го почитува секое решение донесено со конзензус меѓу работодавачите и синдикатите, а се додека нема договор ќе важи Законот за минимална плата односно зголемувањето ќе биде според добро познатата формула.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека секогаш постои можност и оти секогаш е потребно платата да се зголемува, но дека тоа треба да го прават оние кои реално го можат. Се надеваат дека ќе биде прифатен нивниот предлог – да има зголемување на платата, но придонесите да останат на истото ниво како досега.

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјасниле дека минималната плата треба да биде 600 евра.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, очекуваат на ЕСС да се разговара и за прашањата поврзани со додатоците на плата во јавниот сектор, кои велат, со години останаа на исто ниво.

До денеска, според најавите од Министерството за економија, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерст

Според најавата од заменик-министерот Ристевски, на денешната седница на Економско-социјалниот совет ќе стане збор и за пресметката на просечната потрошувачка кошница што планира да ја прави Владата од 1 јануари, покрај таа што ја пресметува ССМ.

Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард, изјави Ристески.

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува ССМ за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES) предизвика хаос на европските аеродроми
Следна Статија АП: Амбасадорката на САД Агелер ќе биде повлечена?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вработените во Железници излегоа на протест

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но…

December 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во…

October 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Треба добро да се размисли за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, сметаат пензиските друштва

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?