Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски објави инвестиција од околу 100 милиони евра во енергетиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски објави инвестиција од околу 100 милиони евра во енергетиката
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски објави инвестиција од околу 100 милиони евра во енергетиката

Објавено December 22, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра.

Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, испраќаме, како што посочи премеирот, јасна и недвосмислена порака: енергетиката е еден од клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес.

Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра, од овие, 50 милиони евра се од КфВ се за фотонапонска „Битола 3“, 10 за ревитализација на хидроелектрани, а 37 од ЕБОР се за ФЕ „Битола 3“. Со овие проекти, инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра, вели Мицкоски.

Посочи дека во современиот свет, енергетиката е прашање од суштинско значење за националната безбедност, економската конкурентноста и социјалната стабилност.

Сигурниот, стабилен и сопствен енергетски систем е предуслов за отпорност на економски и геополитички предизвици, како и за долгорочен развој. Затоа, нашата определба е јасна: систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност и да обезбедиме долгорочна сигурност за граѓаните и за стопанството, нагласи премиерот.

Според него, фотонапонската електрана „Битола 3“ е симбол на таа определба. Таа претставува чекор кон модерна, чиста и одржлива енергетика, која ја користи силата на природата во служба на јавниот интерес. – Со ваквите инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија, го стабилизираме енергетскиот биланс и создаваме предуслови за предвидливи и пониски трошоци на долг рок, додава тој.

Истовремено, како што посочува премиерот, преку ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, покажуваме дека знаеме да управуваме мудро и со постоечките ресурси.

Наместо да ги оставиме капацитетите да стареат, вложуваме во нивна модернизација, зголемена ефикасност и продолжен работен век. Ова е пристап кој носи најголем поврат за државата и за граѓаните. Овие инвестиции имаат и значаен економски ефект, преку отворање нови работни места, ангажман на домашната индустрија, развој на локалните заедници и зголемена конкурентност на националната економија. Стабилниот енергетски систем е основа за стабилна економија и подобар животен стандард за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Владата, како што рече тој, изразува благодарност до Министерството за финансии, АД ЕСМ за нивната професионалност, експертиза и посветеност во спроведувањето на овие стратешки инвестиции.

Посебна благодарност како Влада упатуваме до нашите меѓународни партнери – КфВ Банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршката и довербата во реформските политики и визијата која е препознаена и дека нашите политики се кредибилни, одржливи и насочени кон иднината. Ова партнерство е пример како државата и меѓународната заедница можат заедно да градат проекти од стратешко значење, истакна премиерот.

Според него, оваа цел на Владата не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација.

Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди. Но, исто така систем кој ќе обезбеди енергетска сигурност денес, но и за генерациите кои доаѓаат. Затоа денес не зборуваме само за мегавати и инфраструктура. Денеска зборуваме за суверенитет, за одговорност и за визија. За држава која самоуверено ја гради својата иднина, истакна премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава
Следна Статија Пешиќ официјално на клупата на Баерн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт…

September 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места

Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни…

February 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење

Подобрување и одржување на макроекономската стабилност, поддршка на економската активност и забрзување на економскиот раст се главни цели на фискалната…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?