Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто
ЕКОНОМИЈА

Од први јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

Објавено December 23, 2025 13:48
Сподели
Сподели

д 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

-Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде 2,28 отсто или 57-70 денари на месечната сметка.

-За 63,86 отсто од домаќинствата или 517 400 кои имаат потрошувачка само во прв блок и во евтина тарифа зголемувањето на месечната сметка е 2,28 проценти. За 20,97 проценти или 169 900 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок зголемувањето на месечната сметка е 2,59 отсто или 70 денари. За 1,73 отсто или 14 000 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79 отсто или 370 денари и за 0,55 отсто или 4 400 домаќинства во прв, втор, трет и четврти блок кои се вкупно 4 400 или 0,55 отсто, зголемувањето на месечната сметка е 3,22 процента или околу 900 денари. Попрецизно, едно домаќинство од прв блок со потрошувачка 210 киловатчасови и евтина тарифа од 227 киловатчасови ќе има повисока месечна сметка за 57 денари или 2,28 отсто, домаќинство од блок 1 со 210 киловатчасови, од втор блок со 420 киловатчасови и евтина тарифа од 682 киловатчасови ќе има повисока сметка за 70 денари или 2,59 отсто, додека домаќинствата од прв, втор и трет блок кои се вкупно 14 000 или 1,73 отсто од потрошувачите че имаат повисока месечна сметка за 2,79 отсто или 370 денари. За домаќинства во прв, втор, трет и четврти блок кои се вкупно 4 400 или 0,55 отсто, ќе имаат за 3,22 отсто повисока сметка или за околу 900 денари. Вкупно 517 400 домаќинства или 63,86 отсто ќе имаат зголемување од 2,28 отсто. Тие во прв и во втор блок се 20,97 отсто или 169 900 домаќинства со 2,59 отсто поскапување, информира Бислимовски.

Тој напомена дека и покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

-Ако се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која сега е 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари, односно ќе се зголеми за 28 проценти. како резултат на тоа, ако се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46 отсто, вториот блок за 7,19 проценти, третиот за 5,77 отсто., четвртиот за 2,69 и евтината тарифа за 13,51 процент. Со оглед на овие податоци, РКЕ црвсто останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема поптреба да биде укинат, објасни Бислимовски.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се корегира за 2,50 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убер и Лифт подготвени да тестираат роботакси во Обединетото Кралство во партнерство со Баиду
Следна Статија Експлозија на АИ-поврзани јавни понуди во Кина: Нови можности и предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз…

September 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?