Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски e симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски e симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Жерновски e симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено December 24, 2025 09:44
Сподели
Сподели

СДСM може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа во СДСM нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски, исто како и Филипче, не е нов лик на македонската политичка сцена. Јавноста многу добро го памети уште во времето на Зоран Заев, кога само за да добие функција прелета од неговата матична партија ЛДП, во СДС.Тој е исто така неуспешен и скандалозен дипломат, што шеташе по Букурешт претставувајќи се како македонски амбасадор, а за тоа акредитации немаше добиено.

Жерновски, исто така, е запаметен и како неуспешен градежник, кој долго време зборуваше и ширеше паника дека новата трибина на стадионот во Скопје, кај и да е ќе се срушела. Но, годините поминаа, стадионот сосе трибините стои и е жив сведок за лагите и манипулациите на Жерновски.

Тој е познат и по многуте скандали и партизацијата во времето кога беше градоначалник на општина Центар, кој ја превработи општинската администрација и претпријатието „Паркинзи Центар“ со роднини на активисти и членови на раководството на СДС.

Во биографијата на Жерновски, неизоставен дел се јавните настапи на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

За него тоа, веројатно и воопшто не било проблем, со оглед на неговото лично потекло и на фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет, но тоа не му дава за право да ги руши и предава македонските позиции.

Со други зборови, како Филипче така и Жерновски не се нови кадри, туку имиња кои се поврзуваат со СДС од транзицијата кои се директни виновници за неуспесите на државата и за поразите на СДС низ годините.

И по сето ова, Жерновски се стави на располагање на СДС заедно со Филипче, да биде најголемиот поборник на бугарските интереси во државата.

Така наречените нови сили на СДС се стари и потрошени кадри кои веќе биле раководни позиции и функционери кои ја изневериле довербата на граѓаните и не покажале никакви резултати.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мерцедес-Бенц се согласи да плати 149,6 милиони долари за прекршување на емисионите стандарди
Следна Статија 49-ти одбрани ги Колтс со резултат 48-27

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако ги загубам изборите, ќе си одам од политиката

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, изјави дека е подготвен да се повлече од политичката сцена доколку ги загуби следните избори. На…

November 5, 2024
ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?