Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

Објавено December 24, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции.

– Денес пред вас го ставам предлогот за избор на двајца министри со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работа, на клучни ресори од извршната власт, рече Мицкоски.

За Хоџа рече дека кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, дека е со ангажмани во повеќе институции со раководни позиции кои подразбираат одговорност, координација и работа во сложена административна и институционална средина.

– Неговото досегашно професионално искуство обезбедува познавање на процедурите, меѓуинституционална соработка и потребата од усогласување на различни јавни политики. Министерството за животна средина и просторно планирање, има важна улога во креирањето и спроведувањето на политики поврзани со одржливиот развој, националното користење на просторот и заштитата на животната средина. За овој ресор е потребен пристап кој што ќе се темели на законитост, институционална стабилност и континуитет во работењето, што сметам дека кандидатот може да го обезбеди, рече Мицкоски.

За Беким Сали рече дека имал претходно искуство како министер, како и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите помеѓу извршната и законодавната власт, и начинот на функционирање на државните институции.

-Ова искуство е особено значајно за Министерството за европски прашања кое има координативна улога во процесите поврзани со европската интеграција и реформските обврски на државата. Ресорот европски прашања бара систематска работа, усогласување на институциите, и следење на обврските што произлегуваат од националните и европските документи. Очекувањето е дека кандидатот ќе придонесе кон поефикасна координација и институционален пристап во овие процеси, рече премиерот Мицкоски.

Владата што ја води, како што кажа, станува посветена на одговорно, транспарентно и законито вршење на својата работа.

-Наш приоритет е стабилно функционирање на институциите, доследно спроведување на реформите, и создавање услови за подобар квалитет на живот на граѓаните. Секој член на Владата има јасна обврска да работи професионално, отчетно и во рамките на Уставот и законите, со цел да се обезбеди доверба во институциите и континуитет во државните политики, рече Мицкоски.

Од предложените кандидати, додаде премиерот, се очекува своите функции да ги извршуваат професионално, во согласност со Уставот и законите, и во рамки на надлежностите утврдени со закон.

За работата Сали и на Хоџа зборуваа нивните партиски колешки Имерлие Фетаи Салиу и Саранда Имери Стафани, а поддршка за нив искажа и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Претходно Собранието го разреши Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

На дневен ред на 75. седница се и повеќе закони и одлуки во редовна и скратена постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каменот тежи на своето место, ни треба секој Македонец кој може да придонесе за развој на татковината, истакна Мицкоски
Следна Статија Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен денеска во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Како…

March 14, 2026
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?