Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу четири проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу четири проценти
ЕКОНОМИЈА

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу четири проценти

Објавено December 25, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка.

Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу два процента.

– Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2 проценти, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5 проценти. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4 проценти. Нашата проекција беше 3,9 проценти, а проекциите за наредната година ви се познати, рече Славески.

Статистичките податоци за инфлацијата во декември се очекува да бидат објавени на 8 јануари. Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија БП е близу до продажба на мнозинскиот дел од единицата за подмачкување Кастрол
Следна Статија БП е близу до продажба на најголемиот дел од единицата за подмачкување Castrol на Stonepeak

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија

Како дел од делегациското патување на тема: „Проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Македонија, Албанија и Косово“,…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност.…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во кои земји од Европската Унија се заработува најмногу?

Евростат објави податоци за заработката на час  по оданочување во земјите од Европската Унија, а на самиот врв е втората…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?