Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“
МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Објавено December 25, 2025 12:56
Сподели
Сподели

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар Нацев ги отфрли сите обвиненија, нагласувајќи дека девет месеци бил жртва на јавен линч и дека обвинението претставува „брутално силување“ на законите.

Одбраната на Нацев тврди дека во текот на постапката ќе докаже оти тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, туку само вработен како консултант поради неговата експертиза во безбедноста.

„Морам да констатирам дека дури и Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Со непобитни докази ќе го укажеме отсуството на каква било вина кај мене. Во време на трагичниот настан, јас воопшто не бев во државата“, изјави Нацев пред судот.

Адвокатот Дејан Стојчев додаде дека агенцијата „Рубикон“ ноќта на пожарот немала никаков договор за обезбедување на објектот, ниту пак вработените биле задолжени да го контролираат бројот на гости или безбедносната опрема. Со денешните излагања завршија воведните зборови, по што започнува доказната постапка со сослушување на оштетените сведоци.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение
Следна Статија Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише балансерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков најавува ново решение за конфискација

Министерството за правда подготвува нов Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој треба да се доуреди постапката…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нема да има македонски војници на украинско тло

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Владата е силно фокусирана на реформите, а државата е пример за почитување на правата на малцинствата“, моќна политичка порака на Муцунски од Брисел

Пред членовите на комисијата, Муцунски испрати порака дека новата Влада е силно фокусирана на евроинтеграциите и спроведувањето на реформи. Тој…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?