Седум вработени во министерството за односи меѓу заедниците вчера добија отказни решенија од министерот Иван Стоилковиќ.
Веднаш реагираше ДУИ и ја обвини власта за дискриминација поради тоа што сите отпуштени се Албанци.
Стоилковиќ денеска објави снимка од канцеларија на отпуштените, каде се гледа дека тие канцеларијата си ја претвориле во спална соба, со поставување на кревет за спиење.
„Ги испративме да си спијат дома, напиша министерот и додаде: „По некоја случајност тие се од ДУИ”.