Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис

Објавено December 26, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Во услови на динамични политички процеси, жестоки притисоци и обиди за влијанија, Уставниот суд успеа да остане цврст столб на правната држава. Ова го истакна претседателот Дарко Костадиновски во своето годишно обраќање, потенцирајќи дека Судот се водел исклучиво од лојалноста кон Уставот, наспроти сите партиски и економски интереси.

„Нервозата кај политичарите и државните органи од постапувањето на Уставниот суд значи само едно – дека Судот е на прав пат“, дециден е Костадиновски.

Костадиновски со гордост ги презентираше статистиките кои покажуваат историски рекорд – годинава се оформени 306 предмети, од кои дури 271 се иницијативи од граѓани. Ова, според него, е доказ дека граѓаните во Уставниот суд гледаат последно правно засолниште.

Решени се 230 предмети, меѓу кои и „жешки костени“ како измените на Кривичниот законик, Законот за данок на солидарност (кој беше поништен), платите на функционерите и Законот за употреба на јазиците.

Претседателот нагласи дека Судот излегол од комфорната зона и формализмот, започнувајќи нова ера на „метаправни“ аргументи. „Судот за прв пат почна да ја цени и формалната уставност, односно како Собранието ги носи законите. Почнавме да ја оценуваме легитимната цел и општествената оправданост на законите“, појасни тој.

Костадиновски најави и револуционерни чекори за 2026 година – воведување на уставна тужба и пренос во живо на седниците. „Јас лично ќе инсистирам овој состав да овозможи снимање и пренесување во живо на сите седници. Тоа е најсилниот начин граѓаните да ја вратат довербата“, вети претседателот.

Обраќањето заврши со директни пораки до надлежните институции. Костадиновски побара од Судскиот совет и Собранието „итно, неодложно и во најбрзо време“ да изберат нови уставни судии, бидејќи Судот работи со намален број.

„До политичарите – воздржете се од лесно посегнување по етикети! До државните органи – однесувајте се дисциплинирано!“, порача Костадиновски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме
Следна Статија Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата – сега е сè јасно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи коњичкиот марш од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар по патеките…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Критично во Кочанско и Охридско, 120 кичевци сè уште евакуирани

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми во неколку региони низ државата, активирајќи ги кризните штабови и механизацијата на јавните…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?