Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
ЕКОНОМИЈА

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии

Објавено December 27, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии.

-Големите банки не само што ги намалија провизиите во висина на намалените давачки, туку дополнително ги намалија и за 15, 20, па дури и 30 проценти, откажувајќи се од дел од сопствената заработувачка. Постои јасна тенденција на намалување на провизиите, истакна гувернерот Славески.

Воедно, тој најави дека наскоро се очекува донесување на измените на Законот за платежни услуги, со кои значително ќе се прошират функциите на основната платежна сметка, во интерес на граѓаните.

Со законските измени, како што велат од Народната банка, ќе се овозможи дозволено пречекорување на основната платежна сметка, нејзино користење и од лица кои веќе имаат други сметки, проширување на пакетот бесплатни услуги во интерниот и меѓубанкарскиот платен промет, како и до четири бесплатни подигнувања готовина месечно од банкомати на други банки.

Дополнително, Народната банка предложи и приспособен пакет за микро трговците, со цел поттикнување на финансиската вклученост и натамошна дигитализација на плаќањата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Бугари го преплавија Ниш
Следна Статија Манчестер Сити со голема победа до првото место во Премиер лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Можности за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Н.Е. Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+ денеска изразија загриженост поради нападите на Иран врз…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?