Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
СВЕТ

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Објавено December 28, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека ќе воведе визни санкции за земјите што одбиваат да соработуваат, објави британското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат одлуки, поради неисполнување на барањата на Лондон во врска со подобрувањето на соработката, објавија британските медиуми.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд предупреди дека Велика Британија би можела дополнително да ги заостри мерките, вклучително и целосно суспендирање на издавањето визи за ДР Конго, доколку соработката „не се подобри итно“.

„Очекуваме земјите да ги почитуваат правилата. Доколку нивниот граѓанин нема право да остане тука, тие мора да го примат назад“, нагласи Махмуд.

Постигнатите договори претставуваат прва значајна промена во рамките на реформите објавени минатиот месец, кои предвидуваат привремен статус на бегалци и забрзување на депортациите на луѓе што нелегално влегуваат во Велика Британија, проценуваат британските медиуми.

Шефицата на дипломатијата, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија од личи минатата година веќе депортирала повеќе од 50.000 лица без право на престој, што е зголемување од 23 проценти во однос на претходниот период, додавајќи дека на дипломатите им било кажано „враќањето да им биде врвен приоритет“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nintendo Switch Online враќа икони од 2025 година
Следна Статија Тори Бруно се придружува на Blue Origin по неговото водство во ULA

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп за принцот Вилијам: Тој е навистина згоден, имавме одличен разговор во Париз

Доналд Трамп откри дека принцот Вилијам му рекол дека кралот Чарлс Трети „напорно се труди“ додека продолжува со лекувањето од…

December 10, 2024
СВЕТ

ВИДЕО Жесток ракетен напад на Киев: Најмалку девет загинати, повеќе од 60 ранети

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во жесток ракетен напад врз Киев, соопштија украинските служби за…

April 24, 2025
СВЕТ

Украина загуби над 40 отсто од територијата во Курск

Украина изгуби над 40 отсто од територијата во руската област Курск што брзо ја зазеде за време на ненадејната офанзива…

November 23, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Украинците нападнаа база на 200 километри од Москва

Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Градот се наоѓа на 200…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?