Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на Југослав Николовски на кејот на Вардар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на Југослав Николовски на кејот на Вардар
ХРОНИКА

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на Југослав Николовски на кејот на Вардар

Објавено December 29, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата.

Покрај затворската казна, на обвинетиот му е изречена и забрана за управување со моторно возило од А категорија во траење од пет години, која ќе започне да се применува по правосилноста на пресудата.

Судот го прогласи Љури за виновен за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 297 став 1 во врска со член 300 став 2 од Кривичниот законик.

Според пресудата, обвинетиот управувал мотоцикл без регистарски таблички и без возачка дозвола по пешачка патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, површина наменета исклучиво за пешаци, со брзина од 35 километри на час. Притоа, со страничниот дел од мотоциклот удрил во пешакот Југослав Николовски, кој како последица од тешките повреди на черепот и мозокот подоцна починал во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во образложението на пресудата, судијката Снежана Марковска нагласи дека делото е сторено со евентуална умисла, бидејќи обвинетиот бил свесен дека со движењето по пешачка патека ги крши сообраќајните прописи и може да предизвика штетни последици.

Како олеснителни и отежнителни околности, согласно член 30 став 2 и 3 од Кривичниот законик, се ценат степенот на кривичната одговорност, јачината на повредата или загрозувањето на заштитеното добро, околностите под кои е сторено делото, однесувањето на сторителот пред и по извршувањето на делото, неговиот поранешен живот, личните прилики и други околности што се однесуваат на неговата личност. Отежнителни околности се и оние што на делото му даваат потежок облик – наведе судијката Марковска.

При одмерување на висината на казната, Судот дополнително го оценил интензитетот на дејствието и прекршувањето на законските забрани, посочувајќи дека умислата ја засилува противправноста. Земени биле предвид и исказите на семејството на починатиот за трајната загуба и нарушениот семеен живот.

Во изречената казна затвор на обвинетиот му се пресметува и времето поминато во притвор, а истиот се задолжува да ги плати и трошоците на постапката. До правосилноста на пресудата, Судот му ја продолжи мерката притвор на Љури. Против оваа првостепена пресуда дозволена е жалба во рок од 15 дена до Апелациониот суд Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат
Следна Статија Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште…

April 20, 2026
ХРОНИКА

Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС

Убиената Вања комуницирала со момче од Шведска на интернет, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите,…

October 18, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Нов пожар го труе Скопје: Пламна депонијата кај Арачиново – ДЗС вели дека пожарот е подметнат

Синоќа е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Опасноста од „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“: 11 деца хоспитализирани во Скопје

Во последните четири дена, најмалку 11 деца во Скопје завршиле во болница поради повреди поврзани со „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“. Најмладиот…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?