Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на прегазената Теодора: Зарем животот на моето дете вреди само две години?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Таткото на прегазената Теодора: Зарем животот на моето дете вреди само две години?
ХРОНИКА

Таткото на прегазената Теодора: Зарем животот на моето дете вреди само две години?

Објавено December 29, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Со писмо до јавноста во кое посочува дека нивното семејство живее и понатаму со неправда, се обрати Круме Ристовски, таткото на 22 годишната Теодора која во 2022 почина откако прегазена на пешачки премин. Четириест и девет- годишниот возач Менсур Пајазити, беше осуден на две години затвори за смртта на Теодора, па таткото Круме пишува дека за исто такво дело во државата, некои сторителите се казнети и со над десетгодишни затворски казни.

-Пред неколку дена читам дека за одземен човечки живот се изрекуваат 13 години затвор, денес слушам и 11 години затвор. И прашувам јавно? Зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години? Барам правда. Иста правда за сите. Законите не смеат да се применуваат селективно. Солзите на еден татко во Тетово не се помалку болни од солзите на татко во Скопје. Детскиот живот нема град, нема националност, нема цена. Две години затвор за одземен живот не е порака за правда тоа е порака дека системот не нè гледа сите еднакво, вели Круме Ристовски во писмото.

Тој вели дека по пресудата па досега, молчел, но не затоа што му поминала болката, туку затоа што зборовите понекогаш тежат повеќе од солзите.

-Јас сум татко на Теодора. Дете кое го загубив засекогаш. Дете кое имаше иднина, соништа и живот што не смееше да заврши така. Теодора беше добар ученик, посветена и вредна. Беше добар студент на Машинскиот факултет. Имаа останато уште два испити — и ќе станеше машински инженер. Една млада личност што се бореше за својата иднина со знаење и труд. Молчењето не значи помирување. Молчењето значи дека болката зрее. И ќе продолжам да зборувам. Не од омраза —туку од љубов кон мојата Теодора и од надеж дека ниедно друго семејство нема да ја доживее оваа неправда, вели Круме Ристовски.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. На повторното судење во април 2025 година Пајазити доби две години затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина ја нападнала резиденцијата на Путин со повеќе од 90 беспилотни летала
Следна Статија Деспотовски: Ова не е СДСM, ова е атак на поединци кои во моментот управуваат со партијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за убиството во Скопје: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело…

May 4, 2025
ХРОНИКА

Се запали цистерна која превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Во тек е голема полициска акција во Македонија против шумската мафија – падна директор, полициски началник, полицајци, газди на фирми

Синоќа започна и сè уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон разбивање на…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?