Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор
ХРОНИКА

Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор

Објавено December 31, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Затвор Скопје“.

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот кој се однесува на злоупотреби во затворот. Сите обвинети се огласени за виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар.

Обвинетиот П.А. за злоупотреба на службената положба и овластување, доби условна казна од шест месеци затвор, која нема да се изврши доколку во наредните две години не стори ново кривично дело.

Обвинетите Ѓ.Р. и С.П., кои беа обвинети за несовесно работење во службата, добија условни казни од по три месеци затвор, со рок на проверка од една година.

Обвинетиот Т.Н., обвинет и за злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење во службата, доби единствена условна казна од осум месеци затвор, која нема да се реализира ако во следните три години не стори ново кривично дело.

Обвинетиот Е.О., исто така товарен за несовесно работење во службата, доби условна казна од шест месеци со рок од две години, додека обвинетиот К.В., обвинет за истото дело, е осуден на три месеци условно, со важност од една година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум знаци дека станувате посреќни со годините
Следна Статија Повлекување на производи од мелено говедско месо поради можна контаминација со E. Coli

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судијата Ристов лично ги заѕидал 350.000 евра

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено…

April 20, 2026
ХРОНИКА

Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка

Утрово во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница

Основното јавно обвинителство отвори истрага за сообраќајната несреќа на скопската обиколница, меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, во која загинаа…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Жена ги нападнала свекрвата, сопругот и золвата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.С.(22) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?