Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС
ПОЛИТИКА

Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС

Објавено October 24, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС.

ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, вели Перински во изјава за МИА.

Ваквите потези, според Перински, не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните, вели Перински.

По најавите на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов дека Општина Струмица ќе излезе од ЗЕЛС, денеска и официјално од Општината соопштија дека се откажуваат од членството во ЗЕЛС и дека градоначалникот Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што соопштија, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит.

Најава за прес-конференција попладнево најави и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Програмерите со највисоки плати во Македонија
Следна Статија Објавено кои седум земји не сакаат да ја поканат Украина во НАТО, пренесува „Политико“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ќе изгуби во Центар

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, вечерва во подкаст посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан…

July 3, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Без Албанците на Македонија деновите ѝ се избројани

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од Тирана ги повика властите во Скопјe да ги почитуваат постигнатите…

April 15, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата е одговорна за дефокусирањето од процесот на европска интеграција

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за правецот што го зазеде новата влада и за нејзините намерни обиди да…

July 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски најавува избори

Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и…

December 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?