Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

Објавено December 31, 2025 14:10
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДС за наводен политички прогон во случајот со Филип Андонов Сокол, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста.

Од владејачката партија посочуваат дека судијата кој ја донел пресудата против Андонов Сокол е директно поврзан со поранешни структури блиски до СДС, а не со ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од опозицијата.

„Судијата што ја изрече пресудата е син на јавната обвинителка Елизабета Јосифовска, поранешен дел од Специјалното јавно обвинителство, која учествуваше во замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека истиот судија бил поставен во Кривичниот суд од поранешниот претседател Иван Џолев, кадар на Зоран Заев, и тоа со само една година работен стаж во одделот за организиран криминал.

Во соопштението се посочува и дека обвинителка во предметот е Валентина Беслимовска, за која велат дека е истата обвинителка што претходно го повлекла обвинението против Зоран Заев, со што тој бил амнестиран.

„Како овие судии и обвинители можат да се поврзат со ВМРО-ДПМНЕ? Луѓето кои дејствуваа во време на Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата заклучуваат дека обвинувањата за политички прогон се неосновани и претставуваат обид СДС да ги прикрие сопствените врски со правосудниот систем од времето кога биле на власт.

Претходно, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за, како што велат, директна репресија врз партиски функционери преку „нарачани судски пресуди“.

Од СДСМ тврдат дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ ја активирала последната фаза од својата кампања, која според нив вклучува политички прогон на нивни членови. Како доказ го посочуваат случајот со Филип Андонов, поранешен директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој денеска беше осуден.

„Ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа. Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сè ставија во своите канџи“, се наведува во партиското соопштение.

Опозицијата обвинува дека додека институциите, како што велат, експресно носат пресуди против нивни функционери, истовремено ги игнорираат пријавите за криминал и корупција што СДСМ ги објавува во јавноста.

„По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција, гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ“, додаваат од партијата.

Од СДСМ тврдат и дека за време на, како што го нарекуваат, политичкиот прогон, функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се богатат преку „криминални тендери“.

Во соопштението, опозициската партија порачува дека притисоците нема да ја запрат нивната борба против власта, но и против оние кои, според нив, „одвнатре ја подриваат партијата“.

„Никој нема да нѐ запре. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран
Следна Статија Oхрид преполн со туристи за Нова Година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина иницијативата на Европскиот фронт за одржување надзорна…

April 15, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални. Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?