Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување

Објавено December 31, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Земјоделците во цела Грција ќе ги стават во мирување блокадите на автопатиштата и граничните премини и ќе овозможат непречено одвивање на сообраќајот, а со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година. Блокадите ќе мируваат од денеска до петок, додека за в недела е најавен состанок на кој грчките земјоделци ќе одлучат за следните чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

Граничниот премин „Евзони“ кон нашата земја изминатите четири дена, заклучно со вчера, беше блокиран во два наврати, од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, од страна на земјоделците, чии трактори и во наредните три дена ќе останат паркирани на границата, но нема да го попречуваат сообраќајот.

Инаку, грчките земјоделци на почетокот на нивните протести најавија дека ако е потребно, Божиќ и Нова година ќе ги дочекаат на блокадите.

В недела напладне, кај патарината „Малгара“ во близина на Солун, ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите земјоделски ограноци во Грција, на кој ќе разговараат и ќе одлучат за следните чекори.

Протестите на земјоделците во Грција траат веќе еден месец. Тие започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, како и поради скандалот со субвенциите од Европската Унија за земјоделството.

Едно од нивните главни барања е исплата на заостанатите субвенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 85-годишен скопјанец остана без 5.000 евра
Следна Статија Учениците од денеска на зимски распуст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит…

June 8, 2025
БАЛКАН

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на…

March 11, 2025
БАЛКАН

Хорор во центарот на Белград: Пронајден фетус во кутија

Денеска околу пладне во центарот на Белград, во Ботаничката градина, пронајден е плод во кутија, неофицијално соопштија за Нова.рс. Полицијата…

January 8, 2025
БАЛКАН

Исто како „шарените“ на СДСМ: Српската опозиција уништи фонтана, фарбаше со боја, искрши рефлектор

На вчерашниот собир на српската опозиција на плоштадот Славија поголема група насобрани т.н студенти влегоа во фонтаната при што направија…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?