Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Објавено January 1, 2026 16:05
Сподели
Сподели

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето на пензиите во наредниот период.

-Ќе има повторно линеарно зголемување на пензиите за пензионерите во април, за мартовската пензија. Продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите, најпрвин за 2.500 денари кои се случија во ноември за октомвриската пензија во 2024 година, па дополнителните 2.500 денари во април за мартовската пензија, оние 1.000 денари дополнително линеарно зголемување во ноември за октомвриската пензија 2025. Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026, беше категоричен Мицкоски.

Тој посочи дека со ова се сака да се намали стапката на сиромаштија кај оваа група граѓани, а со тоа да се намали и „џини-коефициентот“ кој подразбира нееднаквост во распределбата на доходите кај различни групи на граѓани.

-Во таа насока добро се движиме, што се однесува до „џини-коефициентот“ сме најдобри во регионот и сме над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата е една од главните цели на оваа Влада и ќе се движиме и понатака во таа насока, рече премиерот Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, Мицкоски и Јанчев извршија увид
Следна Статија Новиот градоначалник на Њујорк положи заклетва врз Куранот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски го враќа Синани од позицијата ген. конзул во Њујорк, незаконски испратен од Османи и Груби

На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Исфрлени повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Повеќе од 70 тони вода исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце Во рамки на денешните активности на…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?