Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје

Објавено January 2, 2026 11:52
Сподели
Сподели

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми наркотична дрога кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.

Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот кој го управувал автомобилот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот И.Е. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.

Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на Instagram предупредува: Не можете да им верувате на очите во дигиталниот свет
Следна Статија Повлекување на говедско месо поради ризик од E. coli воАјдахо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведен кавадарчанец, обвинет за насилно земање пари, закани и физички напад

Кавадарчанец бил приведен по пријава дека насилно одзел пари од сограѓанин, се заканувал и физички го нападнал, информира Секторот за…

December 13, 2025
ХРОНИКА

Рашковски фатен на граничен премин со 20.000 евра во кеш

Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата , Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Малолетник пријавен за исчезнат

„Денеска (09.03.) во 04.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба

На 06.08.2025 во с. Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?