Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
МАКЕДОНИЈА

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година

Објавено January 2, 2026 13:51
Сподели
Сподели

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година. За ова информираше директорката Гордана Ѓорчева – Камчева. Таа синоќа заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го посетија првороденото бебе во оваа болница. Тоа, според директорката, значи дека гинеколошко – акушерското одделение во Болницата е на едно повисоко ниво.

– Ја враќаме довербата на пациентките, да доаѓаат во оваа болница за чинот за породување, но и за гинеколошки оперативни третмани. Да не патуваат до Скопје, да го скратат времето до исто квалитетна медицинска услуга и нега. Истото високо ниво ќе го добијат тука благодарение на нашиот тим на гинеколошко – акушерското одделение и тимот на Гинекологија и акушерство од Скопје, појасни директорката.

Притоа сподели дека гинеколошки операции во 2023 имало 59, 67 во 2024 година и 162 во годината што измина.

Оваа јавна здравствена установа е регионална и во неа здравствена заштита добиваат пациенти од четири општини. Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Но, здравствена услуга добиваат и пациенти од поширокиот регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
Следна Статија Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: „Сејф сити“ покажа дека менталитетот брзо се прилагодува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека во врска со системот „Сејф сити“ се оформени четири постапки. Тој…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јавната дебата за Законот за високо образование не е завршена, истакна Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска  изјави дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е…

February 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави конечните резултати за 44 општини: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се јави Димитровска: Тоа е комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет за „Адитив“

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, негира коруптивни дејствија во „АДИТИВ“. Во соопштението до јавноста, вели дека таква соодржина немало, имало…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?