Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје
Blog

Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје

Објавено January 5, 2026 18:28
Сподели
Сподели

Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека се согласува со сите излагања на советниците, нагласувајќи дека проблемот со загадувањето бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност.

-Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.

Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите.

Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај. Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра, објави Ѓорѓиевски.

Нагласува дека одговорни лица во правни субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагаа отпад на јавни и приватни површини добија казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.

-Инспекцијата за патен сообраќај и патишта изврши контроли на девет градилишта, од кои седум беа задолжени со решенија за времен режим на сообраќај, а две имаа позитивни записници.
На едното градилиште е изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правно лице и 900 евра за одговорното лице.

Комуналната инспекција изврши 240 контроли на градилишта низ целото Скопје, опоменувајќи 25 објекти, а на 11 се изречени глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари вршат постојана обиколка и контрола на територијата на градот, плоштадите и јавните површини, со што се изречени повеќе од 60 казни.

За буџетот за 2026 година, предвидени се 64 милиони денари за делот за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, што јасно покажува колку сериозно ја сфаќаме заштитата на здравјето на граѓаните. Дополнително, се обезбедени 220 милиони денари за подигање и одржување на јавно зеленило и паркови, како дел од нашите искрени заложби за чист воздух и здрав живот, посочува градоначалникот на Скопје.

Додава дека предвидени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење на оџаци, филтри за истите, субвенции за велосипеди итн.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска
Следна Статија Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Лав – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Спој на горделивост, харизма, великодушност, креативност и одлуčenост може да те води низ денот. Сепак,…

January 27, 2025
Blog

Гласовно управување за паметните фрижидери на Samsung

Нова функција овозможува гласовно отворање и затворање на Samsung Family Hub паметните фрижидери.

January 6, 2026
Blog

Моќта на зелената терапија – македонските планини може да бидат лек за стресот

Во срцето на Балканот, Македонија се појавува како скриен драгоцен камен, богат со природни убавини кои не само што пленат…

April 9, 2025
Blog

Кинезите сакаат да ги купат германските фабрики за автомобили погодени од кризата и така да ги ибегнат царините на ЕУ

Кина е заинтересирана за купување на германските фабрики за автомобили погодени од кризата, особено „Фолксваген“, пишува Ројтерс, цитирајќи извор. Производството…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?